Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а следната недела ќе биде назначен нов в.д.
„Кевин, по многу години во владата, одлучи да минува повеќе време со своето семејство и да биде во приватниот сектор“, напиша Трамп на Твитер.
Мекалинен во април годинава стана четвртата личност на чело на Министерството за внатрешна безбедност од почетокот на претседателството на Трамп.