среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анализа на „Њујорк Тајмс“: Државите треба да користат вакцини со висока ефикасност за економска корист

Анализа на „Њујорк Тајмс“: Државите треба да користат вакцини со висока ефикасност за економска корист

Повеќе не се зборува во светот дали има или нема вакцини туку за тоа дека вакцините со помала ефикасност како кинеската не пеидонесуваат кон брзо враќање на нормалата. Сејшели 60% од популација од 100.000 жители вакцинирале со кинески вакцини, а бројките на заразени, вклучително и на вакцинирани расте. Во споредба со Израел каде бројката на вакцинирани е исто висока, но бројките на заразени паѓаат.

Анализа за ова направи „Њујорк Тајмс“ каде се наведува дека за 56-те земји кои сметаат дека ударот пандемијата ќе го забават со вакцината на Синофарм, оваа вест претставува нивно назадување.

Со месеци, експертите за јавно здравје се фокусираа на обидот да се затвори јазот за пристап меѓу богатите и посиромашните нации. Сега, научниците предупредуваат дека земјите во развој кои ќе изберат да користат кинески вакцини, со релативно послаби стапки на ефикасност, може да заостанат зад земјите што избираат вакцини произведени од Фајзер-БиоНтек и Модерна. Тој јаз може да овозможи пандемијата да продолжи во земјите кои имаат помалку ресурси за борба против неа.

-Навистина треба да користите вакцини со висока ефикасност за да ја добиете таа економска корист, бидејќи во спротивно тие ќе живеат со оваа болест долгорочно, рече Рајна Мекинтајр, која ја предводи програмата за биосигурност на институтот Кирби на Универзитетот во Нов Јужен Велс, Австралија. Таа смета дека изборот на вакцина е важен.

Никаде не биле појасни последиците отколку во Сејшелите, кои многу се потпирале на вакцината Синофарм за да вакцинираат повеќе од 60 проценти од нејзината популација. Малата островска држава во Индискиот Океан, и со население од нешто повеќе од 100.000 жители, се бори со напливот на вирусот и мораше повторно да воведе блокада.

Меѓу вакцинираната популација која примила две дози, на 57 проценти им бил даден Синофарм, додека на 43 проценти АстраЗенека. Триесет и седум проценти од новите активни случаи се лица кои се целосно вакцинирани, според Министерството за здравство, кое не наведува колку од нив биле вакцинирани со Синофарм.

Научниците велат дека ваквите заразувања се се нормални бидејќи ниту една вакцина не е ефикасна 100 проценти. Но, искуството во Сејшелите е во целосен контраст со Израел, кој го има второто највисоко опфатено вакцинирање во светот и успеа да го победи вирусот. Една студија покажа дека вакцината Фајзер што ја користеше Израел е 94 проценти ефикасна во спречување на пренесувањето. Во средата, бројот на нови потврдени случаи на Ковид-19 на милион луѓе во Сејшелите изнесува 2.613,38, во споредба со 5,55 во Израел, според „World in Data project“.

На прес-конференција, Кејт О’Брајан, директор за имунизација во Светската здравствена организација, рече дека агенцијата го проценува напливот на инфекции во Сејшелите и ја нарече ситуацијата „комплицирана“. Минатата недела, СЗО ја одобри вакцината Синофарм за итна употреба, зголемувајќи ги надежите за крај на глобалната криза со снабдување.

Владите кои користат вакцина Синофарм „треба да претпостават значителна стапка на неуспех и треба да планираат соодветно“, рече Џон Мур, експерт за вакцини на Универзитетот Корнел. Посочува дека властите треба да ја предупредат јавноста дека сепак ќе имаат пристојни шанси да се заразат.