недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: Во ЕУ најмногу Хрватите потврдуваат корупција, најмалку Финците

Анкета: Во ЕУ најмногу Хрватите потврдуваат корупција, најмалку Финците

Од Европјаните 71 процент веруваат дека корупцијата е широко распространета во нивната земја, покажува најновото истражување на Евробарометар.

Меѓу испитаниците, најмногу Хрватите (97 проценти) потврдуваат постоење корупција во нивната земја, а најмалку се Финците (22 проценти), кои се загрижени за состојбата со корупцијата во земјата.

Анкетата на Евробарометар беше спроведена во последните шест месеци на подрачјето на ЕУ, а резултатите покажуваат зголемување на перцепцијата за корупција кај граѓаните во однос на претходното истражување од 2017 година, кога 68 отсто од испитаниците укажуваа на постоење корупција во нивните земји.

Евростат објаснува дека перцепцијата за корупција се зголемила од претходното истражување во дури 18 земји-членки, претежно во Малта, Австрија и Хрватска.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголема перцепција за корупција има во Хрватска (97отсто), Грција и Кипар (95 отсто), Шпанија и Португалија (94 отсто).

Според гласовите на испитаниците, корупцијата најмалку е застапена во Финска, Данска, Шведска и Холандија.

Речиси 70 проценти од Европјаните сметаат дека корупцијата постои во националните јавни институции, а 53 проценти дека таа постои меѓу политичките партии и политичарите.

Европската комисија потенцира дека природата и обемот на корупцијата се разликува од држава до држава, но оценува дека корупцијата и штети на ЕУ во целина.

Комисијата наведува дека борбата против корупцијата се засилува на ниво на ЕУ, што вклучува нови закони за заштита на финансиските интереси на ЕУ од измама и корупција и формирање Европско јавно обвинителство.