Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска побара „итен прекин на воените операции“ во Појасот Газа и воспоставување „безбедни коридори“ за помош на палестинското население, на десеттиот ден од војната меѓу Израел и Хамас,
– Бараме итен прекин на воените операции и отворање на коридори за безбедно преминување со цел да се донесе помош за населението, рече генералниот секретар Ахмед Абул Геит за време на состанокот со арапските министри за правда во Багдад.