Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка, освен во Бразил, идна вакцина против коронавирусот на лабораторијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорф, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес.
– Лабораторијата на АстраЗенека има потпишано договор со Фондацијата Слим за производство на меѓу 150 и 250 милиони вакцини со цела Јужна Америка, освен Бразил, и ќе биде достапна во првите шест месеци од 2021 година и рамномерно распоредена во земјите што го бараат тоа, нагласи Фернандес.
Според него, Аргентина и Мексико го преземаат јужноамериканското производство на вакцина против коронавирусот, што ќе овозможи побрз и поефикасен пристап за целиот регион.
Јужна Америка и Карибите се најпогодени од вирусот. Во таа област починаа 225.596 лица, додека пет милиони и 720.309 лица се заразени.
Од друга страна, бразилската федерална држава Парана одлучи да ја тестира и произведе новата руска вакцина, која неодамна ја објави рускиот претседател Владимир Путин.