Жена и нејзината седумгодишна внука преживеале необичен настан на автопат во Калифорнија (САД), кога мал авион принудно слетал и удрил во нивниот автомобил. Жената и детето се здобиле со полесни повреди, а двајцата луѓе кои се наоѓале во авионот, не се повредени.
– Слушнав силен звук на тресок. Мислев дека нѐ удри друго возило. Но, тоа било авион. Дел од него беше на моето задно седиште, изјави возачката Викторија Робертс потоа.
Несреќата се случила во вторникот попладне, при што авионот морал да направи итно слетување.
Нејзината внука Еви сведочи дека, по силниот звук, баба ѝ ѝ рекла да ги затвори очите и устата и да излезе од автомобилот. Но, Еви не можела да излезе бидејќи вратата ѝ била заглавена. Опкружени со скршено стакло и горивото од авионот, Еви успеала да излезе искачувајќи се на воланот.
Кога пристигнала брзата помош, медицинските лица прво ѝ ја соблекле облеката полна гориво, па ги завиткале внуката и бабата во ќебиња.