недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија ја враќа обврската за задолжително носење маска во затворени простории

Австрија ја враќа обврската за задолжително носење маска во затворени простории

Поради големиот број на новозаболени во Австрија од полноќ повторно е на сила обврската за задолжително носење заштитна маска во затворени простории.

Откако на 5 март, австриската влада ги укина речиси сите рестриктивни мерки, дошло до драматичен пораст на бројот на новозаболени од коронавирус, па сега мерките повторно се враќаат на сила.

Новата мерка предвидува обврска за носење заштина маска FFP2во сите затворени простории. Од обврската исклучок се приватните станбени простории, додека седеите на маса во ресторан и на проби или уметнички настапи.

Уредбата предвидува и дека на собири во затворен простор каде има до 100 луѓе, маските не мора да се носат, но при собири со над 100 лица, обврската важи.

Оваа обврска е на сила до 16 април.