Американскиот претседател Џо Бајден објави денеска дека групата Г7 се согласила да воведе „разорни” економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Утрово се сретнав со колегите од Г7 за да разговараме за неоправданиот напад на претседателот Путин врз Украина и се согласивме да продолжиме со разорните пакети санкции и други економски мерки за да ја повикаме Русија на одговорност. Ние стоиме со храбриот народ на Украина”, напиша Бајден на Твитер.