петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден и Ердоган разговараа за билатералните односи и Украина

Бајден и Ердоган разговараа за билатералните односи и Украина

Претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на САД Џо Бајден денеска имаа 45-минутен телефонски разговор за билатералните односи и ситуацијата во Украина, објави весникот Хуриет.

Се разговарало за одговорот на руската воена интервенција во Украина и евакуацијата на цивилите од зоната на конфликтот.

Двајцата лидери разговарале и за резултатите од дипломатската средба во Анталија и за прашањата кои биле на маса на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитриј Кулеба и Сергеј Лавров.

Ова е четврти контакт на Бајден и Ердоган, потсетува весникот. (МИА)