Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се очекува да ја номинира Џенет Јелен, поранешен претседател на Управниот одбор на Федералните резерви, за министер за финансии.
Како што пренесуваат американските медиуми, со ова назначување, Бајден ќе ја сруши родовата бариера што постои во САД веќе 231 година, но исто така ќе назначи економист и пазарен, а не финансиски експерт, за шеф на Федералните резерви, и тоа во време на економска криза невидена од периодот на Големата депресија, што ја уништи Америка помеѓу 1929 и 1939 година.
Новиот шеф на Министерството за финансии треба да се фокусира на прогресивни решенија за два основни проблема – растечката економска нееднаквост и климатските промени, префрлајќи ги приоритетите на администрацијата на Трамп на втор план – намалување на даноците и финансиски регулативи.
Јелен (74) ќе биде првиот американски функционер на чело на Министерството за финансии, Федералните резерви и Одборот на економски советници на Белата куќа.