Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн.
Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции.
Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание.
Ен Би Си Њуз, од своја страна, соопшти дека се уште не е донесена одлука. Според американската ТВ мрежа, постојат две варијанти на оружјето „Switchblade“ – 300 и 600, кои на американската армија и ги доставува производителот на оружје AeroVironment. Типот „300“ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а „600“ можат да уништат тенкови и други оклопни возила.