вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден вели дека постои голема закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина

Бајден вели дека постои голема закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Европа, каде ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска, а пред тргнување на пат накратко ја искоментира можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

Бајден и денеска повтори дека тоа е вистинска закана.

-Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина, кажа Бајден.

На прашањето што ќе им каже на западните партнери, тој рече дека токму тоа ќе им го каже в лице. (МИА)