понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белата куќа: Бајден нема да испраќа војници во Украина

Белата куќа: Бајден нема да испраќа војници во Украина

Американскиот претседател, Џозеф Бајден синоќа изјави дека нема да испрати американски војници во Украина, бидејќи не сака да ги стави Американците во позиција да водат војна со Русија, соопшти Белата куќа.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во својата цел да го подели Западот и рече дека НАТО ќе продолжи да ја држи отворена вратата за европските земји кои ги споделуваат нивните вредности и кои еден ден би можеле да побараат членство во Алијансата.