среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година, но нема да ја затвори вратата за нуклеарна технологија од новата генерација, според договорот постигнат од страна на коалициската влада, јавија локалните медиуми.

Во преговорите што се одржале речиси цела ноќ, е вклучен договор за „инвестиции од околу 100 милиони евра за мали модуларни реактори“. Прогресивното исфрлање на нуклеарната енергија е воведено во белгискиот закон од 2003 година.

Крајниот датум е 2025 година, цел што сегашната влада се обврза да ја исполни кога ја презеде функцијата во октомври 2020 година.

Но, ова прашање ја подели владината седумпартиска коалиција на зелените, социјалистите и либералите на премиерот Александар Де Кро. Во текот на денот се очекува прес конференција со детали за договорот.