понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беснеат шумски пожари, евакуирани 2.000 луѓе

Беснеат шумски пожари, евакуирани 2.000 луѓе

Големи шумски пожари во Колорадо кои беснеат веќе 11 дена, доведоа до евакуација околу 2.000 жители, соопштија денеска претставници од областа Ла Плата.

Метеоролозите соопштија дека се очекува ширење на пожарите поради сувиот воздух и силните ветрови, што е многу лоша комбинација за смирување на огнената стихија, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 6.880 хектари се уништени во пожарите во југозападот на Колорадо, а околу 800 пожарникари се борат со огнот.

Во минатата година во пожарите во САД уништени се четири милиони хектари, соопшти Националниот координациски центар.