сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Блинкен: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој е во официјална посета на Литванија, рече дека САД ја зајакнале заедничката одбрана на земјите членки на НАТО, така што Вашингтон и сојузниците сега се подготвени да се соочат со секаква закана, вклучително и испраќање 7.000 нови американски војниците во Европа и прераспределбата на другите за зајакнување на источното крило на НАТО.

Блинкен ја повтори американската посветеност на членот 5 од НАТО дека напад врз една членка, е напад врз сите, нагласувајќи: „Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“.

Американскиот државен секретар оцени дека Русија се обидува да ја поткопа литванската демократија и да сее поларизација со сајбер напади и дезинформации.

Тој исто така додаде дека САД и Литванија се обединети во нивната определба да бидат со Украина, додека руската инвазија на таа земја влезе во 12-тиот ден, пренесува Би-би-си.

Литванскиот министер за надворешни работи Габрелиус Ландсбергис повика на ембарго за купување на руска енергија.

„Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина“, истакна тој.