четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен: САД би го поздравиле секој потег на Иран да ја успори нуклеарната програма

Блинкен: САД би го поздравиле секој потег на Иран да ја успори нуклеарната програма

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не може да го потврди извештајот дека Иран ги забавил резервите на збогатен ураниум, но нагласи дека секој чекор на Техеран за деескалација на „растечката нуклеарна закана“ би бил добредојден.

Блинкен рече дека Иран ги преместува американските затвореници во домашен притвор, кои не се поврзани со кој било друг аспект од американската политика кон Иран, што според него е одраз на стратегија на одвраќање, притисок и дипломатија.

Како што беше претходно објавено, Иран можно е да ослободи пет приведени американски државјани како дел од договорот за одмрзнување на 6 милијарди долари од иранските фондови во Јужна Кореја. (МИА)