вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен: САД работат на договор со Полска за испраќање воени авиони во Украина

Блинкен: САД работат на договор со Полска за испраќање воени авиони во Украина

САД „активно работат“ на договор со Полска за испраќање воени авиони во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Молдавија.

-Невозможно е да се зборува за временски одредници, но можам само да кажам дека тоа го разгледуваме многу, многу активно, изјави Блинкен пред новинарите.

Според Бинкен, САД се во многу активни разговори со украинските власти за најновата проценка на нивните потреби и додаде дека работат на утврдување што може да обезбедат Американците, нивните сојузници и партнери за зајакнување на одбраната на украинските сили од руската инвазија.

-Сега активно го разгледуваме прашањето за авионите што Полска би можела да ги испорача на Украина и како можеме да компензираме ако Полска одлучи да ги обезбеди тие авиони, рече Блинкен.

Неколку американски медиуми известија за можен договор меѓу САД и Полска за Варшава на Украина да испорача воени авиони од советската ера во замена за американски ловци Ф-16.

-Работиме со Полјаците на ова прашање и се консултираме со другите сојузници на НАТО“, изјави претставник на Белата куќа, цитиран од Волстрит џурнал и Ен-Би-Си.

Киев го повикува Западот да обезбеди воена помош, вклучително и авиони, за борба против руската инвазија, која денеска влезе во 11-ти ден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски особено ги повика земјите од Источна Европа да испорачаат авиони од руско производство со кои Украинците знаат да управуваат. (МИА)