Турските власти денеска во две одделни акции во близина на градот Измир приведоа 113 мигранти, кои планирале со гумени чамци илегално да заминат од Турција кон грчките острови во источниот дел на Егејското Море.
Поголемиот број мигранти, меѓу кои имало и 43 деца и 28 жени, биле по потекло од Сирија.
Првата акција била спроведена откако околу еден часот по локално време (полноќ по средноевропско време) припадници на турската Крајбрежна стража забележале гумен чамец во близина на одморалиштето Дикили.
При оваа акција биле приведени вкупно 55 лица, пред се по потекло од Сирија и Авганистан.
Втората акција била спроведна откако хеликоптер на Крајбрежната стража, околку 6:30 часот (5:30 часот по средноевропско време) забележал гумен чамец во кој се наоѓале 55 Сиријци и тројца Ирачани.
По идентификацијата на приведените мигранти, тие и биле предадени на окружната Дирекција за справување со миграцијата.