понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блокирани рафинерии за нафта: Се прели чашата, мета е државата

Блокирани рафинерии за нафта: Се прели чашата, мета е државата

Француските земјоделци болираа нафтени рафинерии и складишта на гориво поради планот на компанијата „Тотал“ да користи палминово масло за добивање биогориво.

Од синдикатот на земјоделците ФНСЕА соопштуваат дека складиштата со гориво во регионот Марн на североистокот на Франција се блокирани, по што стотици земјоделци поставиле баркиади со трактори.

Претседателот на Синдикатот Кристијан Ламбер изјави дека повторно ќе бидат блокирани најмалку пет локации.

Француските власти во минатиот месец му дадоа дозвола на „Тотал“ да користи палминово масло во својата рафинерија за биогорива „Мед“ на југот на Франција, што предизвика негодување кај земјоделците кои имаат засади на билки од кои се добива биогориво, како маслена репка.

-Нашата мета е државата, изјави Ламбер, наведувајќи дека одлуката на „Тотал“ ја прелила чашата.