понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Болсонаро изјави дека Бразилците не сакаат кандидати како Лула да Силва

Болсонаро изјави дека Бразилците не сакаат кандидати како Лула да Силва

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека смета дека Бразилците не сакаат на претседателските избори во 2022 година да им се појави кандидат како поранешниот левичарски лидер Луиз Игнасио Лула да Силва.

Британските медиуми пренесуваат дека Болсонаро, исто така, кажа дека се надева дека Врховниот суд ќе ја поништи одлуката на понискиот суд за поништување на сите осудителни пресуди на поранешниот левичарски бразилски претседател.

Во изненадувачката одлука, судијата Едсон Фачин кажа дека судот во јужниот град Куритиба нема овластување да му суди на Лула за обвинението за корупција и дека мора да му се суди во федералните судови во бразилската престолнина.

Пресудата, која ќе биде разгледана од Врховниот суд, ги враќа политичките права на Лула, потенцијално отворајќи му го патот за повторна политичка активност и можност да се кандидира за претседател во 2022 година, кога се очекува да му се спротивстави десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.

Лула бешена чело на најнаселената држава и најголемата економија во Латинска Америка меѓу 2003 и 2011 година. Тој беше затворен и осуден за корупција во 2018 година, што го спречи да учествува на изборите таа година. Кон крајот на 2019 гофина тој беше ослободен од затвор, но не можеше да се кандидира поради неговото криминално досие.