петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија.

– Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“.

Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена.

Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.