недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако излезе од интензивна нега

Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако излезе од интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако синоќа се премести од единицата за интензивна нега во болничка соба, но неговото закрепнување сè уште е во почетна фаза, изјави денеска неговиот портпарол.

-Премиерот штотуку започнува да закрепнува и тој ќе ги следи советите на медицинскиот тим, рече портпаролот на прашањето кога Џонсон ќе се врати на работа.

-Ми кажаа дека тој им се заблагодарил на сите медицински сестри и лекари што ги сретнал додека бил преместуван од интензивна нега назад во болничката соба. Од болницата рекоа дека минатата ноќ бил во исклучително добро расположение, додаде портпаролот. (МИА)