Британскиот премиер Борис Џонсон нема да присуствува на погребот на принцот Филип кој ќе се одржи идната сабота, на 17-ти април.
Од кабинетот на Џонсон соопштија дека ваквата одлука е донесена за да се овозможи што поголем број на членови на кралското семејство да присуствуваат на погребот, а кој е ограничен на 30 поради пандемијата на коронавирусот.
-Епидемиолошките прописи поради Ковид-19 предвидуваат само 30 луѓе да присуствуваат на погребот на војводата од Единбург, а премиерот својата одлука ја донесе во согласност со она што е најдобро за кралското семејство, се наведува во соопштението.