среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брисел сака да избегне криза со Италија

Брисел сака да избегне криза со Италија

Во пресрет на годишната евалуација на Европската Комисија за буџетите на земјите членки на ЕУ, еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московиси, изјави за француско радио дека Брисел не сака криза со Италија, чиј нацрт-буџет не ги исполнува европските критериуми.

– Европската Комисија не сака криза помеѓу Брисел и Рим, моето расположени е констурктивен дијалог, рече Московиси.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, италијанската Влада треба денеска да испрати писмо до ЕК за своите буџетски планови, а еврокомесарите треба за него да дебатираат утре.

Секоја година Европската Комисија ги проценува буџетите на земјите членки, тие мораат да исполнат одредени критериуми, или барем да се стремат кон зацртаните цели.

Според европските правила, земјите членки треба да се стремат кон стапка на дефицит од три отсто од БДП, и стапка на долг од 60 отсто БДП.

Со 2,3 трилиони евра дефицит, Италија е моментално една од најкревките земји на Европската Унија.

Московиси денеска повтори дека италијанскиот структурен дефицит е превисок и дека како земја членка на ЕУ и на еврозоната, Италија мора да почитува одреден број заеднички правила.

Рим од своја страна го брани својот буџет велејќи дека планира одреден број социјални реформи како намалувањето на возраста за пензионирање како и основен приход за најсиромашните.