Откако повеќе држави привремено го запреа вакцинирањето во вакцината на АстраЗенека, се огласи и британскиот министер за здравство.
Станува збор за Оксфордска вакцина, а како причина за привременото запирање на имунизацијата се наведуваат случаи со несакани ефекти, најчесто згрутчување на крвта.
По реакцијата на првиот човек на СЗО, министерот Мет Хенкок за Би-Би-Си истакна дека британската вакцина е целосно безбедна. Тој апелираше до луѓето да ги слушаат надлежните регулаторни тела и да се вакцинираат кога ќе имаат можност за тоа.
-Знаеме дека вакцината Оксфорд-АстраЗенека во овој момент спасува животи во Велика Британија. Затоа, ако добиете повик, прифатете го и одете да се вакцинирате, порача Хенкок.