Кина во 2028 година ќе ги престигне САД и ќе стане прва економија во светот, пет години од претходниоте проценки, се наведува во најновиот извештај на британскиот Ценар за економски и бизнис истражувања (Centre for Economics and Business Research).
– Панддемијата со Ковид-19 и последиците по долгорочниот економски раст на Западот се во корист на Кина, која вешто управува со кризата со воведување на раниот карантин. Се проценува дека Кина ќе оствари просечен економски раст од 5,7 отсто годишно од 2021 до 2025 година, а потоа ќе забави на 4,5 проценти годипшшно од 2026 до 2030 година, наведува ЦЕБР.
Центарот исто така проценува дека пандемијата врз глобалната економија во поголема мера ќе влијае на одржување на инфлацијата, а не на бавниот раст.
Според ЦЕБР, Јапонија ќе остане трета економија во светот до почетокот на 2030 година, кога ќе биде престигната од Индија и Германија. Додека Велика Британија, која е петта светска еконимија, од 2024 година ќе биде на шестото место.
Според Блумбегр, САД најверојатно ќе имаат големо заздравување на економијата во 2021 година, а во периодот од 2022 до 2024 година можено е забавување на растот на 1,9 отсто, а потоа на 1,6 проценти.