среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чешка од 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешка од 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката Влада соопшти дека од 15 јуни нејзините државјани ќе може да патуваат во 29 европски земји.

Владата наведува и дека државјани на 19 земји кои се сметаат за безбедни ќе може да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека државјаните на останатите 10 земји ќе мора да прикажат негативен тест на коронавирус.

Како што се наведува во соопштението, без тест во Чешка ќе може да влезат државјани на Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтејнштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Полска, Унгарија, Словачка, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија.

Државјаните на Данска, Ирска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија ќе може да ја поминат чешката граница со покажување на негативен тест на коронавирус. Во спротивно ќе мора да одат во карантин, бидејќи овие земји се сметаат за ризични поради актуелната ситуација со коронавирусот.