понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четворица загинати во лавина на француските Алпи

Лавината ги погодила скијачките терени во подрачјето Ентраунес, објави француската полиција на Твитер. 
Четворица загинати во лавина на француските Алпи

Четири лица загинаа, едно лице е повредено, а едно исчезнато во лавина на француските Алпи, соопшти полицијата, додавајќи дека спасувачката операција се уште трае.

Лавината ги погодила скијачките терени во подрачјето Ентраунес, објави француската полиција на Твитер.

Минатиот месец во лавина настрадаа двајца скијачи, маж и неговата 11- годишна ќерка, во алпското одморалиште Валдизер, а четири лица загинаа во одвоени инциденти на Пиринеите. (МИА)