Според првичните наоди, човечка грешка е причина за пожарот во магацин за муниција во рускиот регион Краснојарск, соопшти ТАСС, повикувајќи се на заменикот министер за одбрана Дмитриј Булгаков.
– Прелиминарна причина е човечки фактор. Повеќе детали ќе дадат истражните органи и
обвинителството, објави Булгаков. Тој, исто така, потенцира дека немало сериозни материјални штети во селото Каменка, каде се случиија експлозиите предизвикани од пожарот.
– Лично го посетив воениот магацин и извршив увид во станбената област, дојдов во техничката област и ги испитав сите прашања – прозорците треба да се санираат, но сè друго е зачувано, сите машини се на место, додаде тој.
Администрацијата на локалната самоуправа во рускиот регион Краснојарск соопшти дека рано изутринава запреле експлозии во складиштето за муниција. Дванаесет лица се хоспитализирани откако по пожарот, серија експлозии вчера избувнаа во складиште со оружје во руска воена база во Сибир, предизвикувајќи масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во територијата на воената база.
Локалните власти во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината.
Експлозиите на муниција траеја околу 10 часа, кои избувнаа откако пожар изби на две места, каде се чуваат 40.000 куршуми.
МИА