среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦРН БИЛАНС: Три деца меѓу загинатите во Џенова, спасувачите цела ноќ ги пребарувале рушевините

ЦРН БИЛАНС: Три деца меѓу загинатите во Џенова, спасувачите цела ноќ ги пребарувале рушевините

Најмалку 35 лица, меѓу кои три деца на возраст од 8, 12 и 13 години загинаа во рушењето на надвозникот во Џенова, објави италијанската агенција ANSA повикувајќи се на извори од противпожарната бригада.

Пожарникарите цела ноќ го пребарувале местото и рушевините во потрага по евентуално преживеани лица.

Како што се наведува, надвозникот се сруши по удар на гром кој удрил директно во еден од столбовите.

-Беше околу 11:30 часот кога гром го погоди мостот и тој се сруши, вели еден од сведоците за италијанската агенција.

Медиумите вчера објавија дека мостот е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.