сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19

Данскиот министер за здравство Магнус Хојник е позитивен на Ковид-19 и е во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството.

Хојник останал во својата хотелска соба и не бил во контакт со други министри, соопштија од данската постојана мисија во Европската унија.

Хојник (46) пристигна во Брисел вчера вечерта и е позитивен денеска од утрото, пред состанокот на Советот, се вели во соопштението на неговото министерство.

Тој има само благи симптоми, вклучително и болки во грлото.  (МИА)