Британската Влада ќе воведе карантин мерки за патниците кои доаѓаат од Белгија, поради зголемување на бројот на случаи на заразени со новиот коронавирус во таа држава, објави Дејли меил.
Се очекува министрите да ги одобрат карантин мерките на состанок што се очекува да се одржи наскоро.
Министерот за транспорт одби да ги коментира тие наводи на весникот.
Велика Британија веќе воведе 14-дневен карантин за патници од Шпанија и Луксембург. (МИА)