понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дел од белгиските болници се ближат до својот максимален капацитет

Дел од белгиските болници се ближат до својот максимален капацитет

 Еден дел од болниците во Белгија се веќе сатурирани, соопштија денеска од болничката управа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на зарази, Белгија е втора најпогодена земја од коронавирусот, со над 120 новозаразени на сто илјади жители, после Чешка.

Оваа состојба неизбежно почна да се одразува и на болниците, кои стравуваат од сценариото од првиот бран кога пренатрупаноста на болниците чинеше стотици животи, пред се кај најстарите.

Во меѓувреме повеќе болници денеска алармираат дека се речиси сатурирани одделите за пациенти заболени од коронавирусот, и дека се ближат до активирање на фазата 1Б, што значи дека ќе треба да се одложи негата за пациенти со други заболувања.

Фазата 1А предвидува 36 болнички кревети во редовните оддели за пациентите болни од Ковид-19 и девет кревети на интензивна нега. Во моментов во дел од болниците постигнати се 45 кревети, а сите девет кревети на интензивна се веќе пополенти.

Болниците засега се снаоѓаат со трансфер на пациенти во други болници каде има уште доволно кревети, но целосно неизвесно колку е оваа состојба одржлива со оглед на брзиот раст на заболени од недела во недела.