Десетина приврзаници на ирачките Шиити упаднаа во Амбасадата на САД во Багдад, а безбедносните сили употребија солзавец. Според очевидци се слушаат и истрели.
Според дел од западните медиуми во внатрешноста на Амбасада избил пожар, но се уште не е познато што го предизвикало огнот.
Илјадници Ирачани и припадници на армијата денеска протестираат пред Амбасадата на САД во Багдад поради воздушните напади на американската армија при што загинаа 25 шиитски борци во Ирак.
Амбасадорот на САД во Багдад, како и дипломатскиот персонал се евакуирани од Амбасадата поради протестите кои се одржуваат пред зградата, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.
Дел од демонстрантите фрлаа камења врз Амбасадата на САД, други извикуваа „Не на Америка“ и „Трамп не“ и вееја знамиња на Хезболах.
Помеѓу демонстрантите има и лидери на одредени воени групи.