Десет луѓе денеска се затрупани од лавина на 2500 метри надморска височина во швајцарскиот кантон Вале, соопшти локалната полиција.
Според портпаролот на полицијата, Стив Леже, инцидентот се случил во областа Фено, во близина на границата со Франција.
Во тек е потрега по затрупаните, но засега нема информации за нивната судбина.