Најмалку 42 компании во Јапонија во февруари почнале стечајна постапка наведувајќи го како причина ширењето на новиот коронавирус, јави денеска јапонската државна телевизија.
Вкупно 70 проценти од компаниите што се во стечај се од секторите туризам и угостителство.
Јапонските власти воведоа вонредна состојба во седум региони, вклучувајќи ги Токио и Осака. Во нив живеат вкупно 55 милиони луѓе. Жителите беа замолени да не ги напуштаат своите домови без посебна потреба.
Во Јапонија во моментов има повеќе од 5,1 илјади потврдени случаи на коронавирус, од кои околу 700 се патници и членови на екипажот на крузерот „Дајмонд принцес“.
Повеќето случаи – 1,1 илјади, се меѓу жителите на Токио. Во Јапонија се регистрирани 109 смртни случаи од Ковид-19.