Десетина автобуси со украински војници вечерва ја напуштија челичарницата Азовстал во Мариупол, која со недели е под опсада на руските сили, јави вечерва Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци.
Според агенцијата, не е можно да се утврди колку војници имало во автобусите, ниту дали меѓу нив има повредени.
Се проценува дека во челичарницата има околу 600 војници.
Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го употреби зборот предавање.