вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деветмина загинати во нападот во училиштето во Кина

Деветмина загинати во нападот во училиштето во Кина

Бројот на загинати во нападот со нож што вчера беше извршен во средно училиште во северна Кина  денеска е зголемен на девет.

Вчера медиумите јавуваа за седум загинати и 12 повредени, кои се хоспитализирани.

Нападот го извршил поранешен ученик во училиштето во покраината Шанси на север во државата, кој сакал да се одмазди поради тоа што претходно други деца го малтретирале.

Полицијата го уапси 28-годишниот напаѓач.

Германската агенција ДПА и британски медиуми јавија дека нападот се случил во близина на училиште додека други агенции и медиуми јавија дека се случил во училиштето.

Во јануари 2017 година маж со нож рани 11 деца во градинка во кинескиот автономен регион Гуанжи Жуанг.

(Миа)