четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери апелира да се одржи моментумот и динамиката на процесот на проширување на ЕУ

Џафери апелира да се одржи моментумот и динамиката на процесот на проширување на ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешното обраќање на Меѓународната конференција за одбележување на меѓународниот ден на парламентаризмот на тема: „Одбраната на европските вредности и демократските институции соочени со новите предизвици и закани за демократијата“, што се одржува во Шпанија, апелираше да се одржи моментумот и динамиката на процесот на проширување, особено во поглед на предвиденото членство на Република Северна Македонија во Европската унија до 2030 година, како реална цел, но и на останатите земји од регионот кои ќе ги исполнат критериумите за членство.

– Во спротивно, ризикуваме посакуваната победа и заштитата на европските вредности кои се негуваат повеќе од 70 години на нашиот континент да бидат сериозно загрозени од трети центри на моќ, рече Џафери.

Џафери рече дека земјава која има кандидатски статус за членство од 2005 година и земја која треба да ги отвори поглавјата за преговори како последна фаза од процесот на пристапување во ЕУ, вклучително и ние како Собрание, континуирано работи и покрај сите бариери во изминатите децении, на исполнување на копенхашките критериуми за унапредување на евроинтегративен пат.

– Доказ за доследното почитување на европските вредности, е нашата целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и со рестриктивните мерки кон Рускатата Федерација. Во однос на законодавството на ЕУ кое досега го донесовме во Собранието, оценките се дека земјата има значителен степен на усогласеност и истиот треба да продолжи понатаму со отворањето на преговарачките поглавја, нагласи претседателот на Собранието.