понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Драматична снимка: Доколку хеликоптерот пристигнел минута подоцна, петочлено семејство ќе било проголтано од калта

Драматична снимка: Доколку хеликоптерот пристигнел минута подоцна, петочлено семејство ќе било проголтано од калта

Спасувачите во вторникот со помош на хеликоптер спасиле петочлено семејство од околината на Сан Диего, кое се качило на кровот откако нивната куќа била проголтана од калта.

Семејството, како што се наведува, било префрлено на безбедно.

Бројот на жртви во лизгањето на земјиштето предизвикано од зимската олуја во Калифорнија се искачил на 17 лица по пронаоѓањето на две нови тела, а уште 13 лица се водат како исчезнати.

Тоа вчера го соопштил шерифот на Санта Барбара, Бил Браун, кој додал дека засега биле уништени 100 семејни куќи.

Наредбите за евакуација на населението биле издадени во понеделникот, откако метеоролозите најавиле лизгање на земјиштето по пожарите кои го зафатиле тој регион.