петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДРАМАТИЧНИ БРОЈКИ: Над четири милиони новозаболени со коронавирус во светот за една недела

ДРАМАТИЧНИ БРОЈКИ: Над четири милиони новозаболени со коронавирус во светот за една недела

Повеќе од четири милиони луѓе се заразени со Ковид-19 ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 64.000 починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

-Бројот на нови случаи на инфекција се зголемува повеќе од еден месец. Минатата недела се откриени повеќе од четири милиони, се вели во неделниот билтен на СЗО.

Нагласено е дека „има извештаи за повеќе од 64 илјади смртни случаи“.

Според податоците дадени во билтенот, зголемувањето на бројот на заразени лица изнесува 3 отсто, додека бројот на смртни случаи е намален за 8 отсто.

Степенот на заразување се зголеми особено во текот на неделата во Источниот Медитеран (за 37 отсто) и Западниот Пацифик (за 33 отсто). Во исто време, пад е регистриран во Европа (за 9 отсто), и во Северна и Јужна Америка (за 3 отсто).

Во Европа, повеќе од еден милион луѓе се заразија со вирусот во текот на неделата, а повеќе од 8.000 починаа.