понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дрога кај шестгодишно момче: Дете во градинка пронашло кокаин во ранецот на другарчето

Дрога кај шестгодишно момче: Дете во градинка пронашло кокаин во ранецот на другарчето

Шестгодишно девојче од градинка во Филаделфија пронашла пакет кокаин во ранецот на другарче од групата, соопштија властите.

Полицијата го испитувала девојчето, кое вчера пронашла кокаин и мислејќи дека се работи за шеќер го ставила пакетот во уста. Почнала да го жвака, но не го пробила со забите.

Воспитувачот ја здогледал со пакетот и го земал, сомневајќи се дека станува збор за дрога. Градинката потоа ги известила властите.

Тоа девојче, како и детето во чиј ранец е пронајдена дрогата, ги прегледал медицински тим и утврдено било дека не внеле кокаин во организмот. Полициските службеници ги пребарале торбите на другите деца во градинката и не нашле ништо.

Не се знае како кокаинот завршил во ранецот, а полицијата не верува оти детето дрогата ја донела од дома.