сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон бара изградба на нуклеарна централа

Џонсон бара изградба на нуклеарна централа

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе им помогне на лидерите во нуклеарната индустрија да ги намалат бирократските процедури за финансирање и изградба на нови електрани, со што Британија повторно ќе добие 25 отсто од енергетските потреби од нуклеарната енергија.

Помошник на британскиот премиер изјави пред новинарите дека Џонсон со нетрпение ги очекува проектите за нуклеарна енергија бидејќи сака да најде начин да го реши спиралниот пораст на цените што му се закануваат на народот кој го доведе на власт со големо мнозинство на изборите во 2019 година. (МИА)