Британскиот премиер Борис Џонсон најави објави партнерство со Бил Гејтс вредно 552 милиони долари, чија цел ќе биде да се поттикнат зелени инвестиции во Велика Британија, со ветување дека земја брзо ќе ја зголеми примената на чисти технологии.
Владата во Лондон ќе се приклучи на програмата на Гејтс, која ќе го забрза развојот на зелената енергија со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид на нула до 2050 година. Џонсон го најави потегот на Глобалниот инвестициски самит.
Програмата на Гејтс се фокусира на четири технолошки сектори: зелен водород, долгорочно складирање енергија, одржливи авиогорива и системи за екстракција на јаглерод диоксид.
– Партнерството треба да ја зголеми визијата на Велика Британија за зелена индустриска револуција, истакна Џонсон.
Тој додаде дека Лондон може да постигне амбициозни цели ако брзо се прилагоди на технологиите во области како што се зелениот водород и одржливите авиогорива, што до пред неколку години изгледаше невозможно.
Договорот беше постигнат само неколку недели пред светските лидери да пристигнат во Глазгов на глобални разговори за климата познати како ЦОП26. Џонсон за Блумберг њуз изјави дека разговорите ќе бидат „многу тешки“. (МИА)