петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон објави дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Џонсон објави дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска објави дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Џонсон рече дека ниту еден министер од неговата влада нема да оди на Игрите.

-Навистина ќе има дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, рече Џонсон, додавајќи дека „бојкотот на спортот“ не е политика на неговата влада.

Освен Велика Британија, дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг прогласија и САД и Австралија, поради загриженоста за човековите права.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година во Пекинг. (МИА)