Британскиот премиер Борис Џонсон по вчерашниот прв телефонски разговор со претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека се радува на соработката со новиот шеф на американската држава на нивните заеднички цели, вклучително борбата против климатските промени.
Според портпаролка на Џонсон, британскиот премиер топло ја поздравил одлуката на Бајден за повторно приклучување во Парискиот договор за климатски промени.
– Осврнувајќи се на долгата историја на соработка меѓу Обединетото Кралство и САД во безбедноста и одбраната, двајцата лидери повторни му се посветија на НАТО и заедничките вредности во промовирањето на човековите права и заштита на демократијата, нагласи портпаролката.