понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Во Британија веројатно ќе има голема експанзија на коронавирусот

Џонсон: Во Британија веројатно ќе има голема експанзија на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека веројатно се очекува многу голема експанзија на бројот на случаи на новиот коронавирус во Велика Британија.

Велика Британија досега има 40 потврдени случаи на Ковид-19.

Џонсон претходно изјави дека Велика Британија е многу добро подготвена.

– Сега е најважно да се подготвиме против можна многу голема експанзија на коронавирусот во Велика Британија, која веројатно се очекува, рече Џонсон во интервју за Би-Би-Си.