Британскиот премиер, Борис Џонсон изјави денеска дека „во моментов има малку докази за повлекување на Русија” од нејзината граница со Украина.
Ставот на Џонсон беше искажан во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
-Лидерите ја повторија одговорноста на државите да се придржуваат до нивните обврски според Повелбата на Обединетите нации и да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на членките на ОН, соопшти кабинетот на Џонсон.