понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон воведе забрана за движење во цела Велика Британија

Џонсон воведе забрана за движење во цела Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека воведува забрана за движење на национално ниво во обид да се запре ширењето на пандемијата од Ковид-19, јави ДПА.

-Сега е време сите да направиме повеќе, рече Џонсон во снимената порака што се емитуваше на националната телевизија. „Мора да останете дома“, додаде тој.

Џонсон во пораката кажа дека единствени исклучоци од забраната ќе бидат луѓето кои ќе ги напуштат своите домови заради купување, медицински потреби или дневно вежбање  со членови на семејството или сами.

Мерките ќе бидат повторно разгледани на 11 април, рече Џонсон, додавајќи дека полицијата е задолжена да ги спроведе, додаде ДПА.